Бизнис
7. December 2020 - 21:16

Како рецесијата ќе се одрази врз економијата и населението - не чекат ли полоши денови?

Рецесијата е очекувана, негативните бројки воопшто не се изненадување за бизнисот. Ковид кризата и последиците кои ги остави врз економијата немаат основ за подобри бројки. Бизнисот не е оптимист ни дека последниот квартал ќе има заживување. Напротив, стабилизирање на економиајта очекуваат некаде после мај до година.

Бизнисот бара Владата што помалку да се меша во нивната работа, туку да ги решава проблемите кои се во нејзин домен. Сериозно да расчисти со сивата економија, а Народната банка да влијае врз банките да го одврзат кесето и да почнат да кредитираат бизниси, не само да даваат хипотекарни кредити.

Ако владините мерки дадоа позитивен ефект изминатиов период, граѓаните и бизнисот да бидат спремни до година сами да се борат, бидејќи долгот расте, и ќе мора некој да го враќа, смета Петрески.

Според експертските прогнози, вклучувајќи ја и онаа на Фајнанс Тинк, крајот на оваа година би го завршиле во негатива од околу 5%. Дури во 2022 година би се вратиле на нивото кое беше пред кризата.