Како полната месечина влијае на луѓето?

Гравитацијата на Месечината во нејзините различни мени во голема мера влијае на здрвјето на луѓето.
Ова посебно се однесува на луѓето со проблеми со бубрезите кај кои се покажао дека интензитетот на болката поради активноста на камењата бил значително зголемен за време на полна месечина.
Влијанието на месечевата гравитација се чувствува и во балансот на водата во човековиот организам, во ритамот на спиење и во појавата на несоници, а кај жените во голема мера влијае на менструалниот циклус, тврди британскиот доктор по алтернативна медицина Метју Силверстон, врз основа на анализа на објавени истражувања.
Истражувачи од Австралија отидоа чекор понатаму и тврдат дека насилното однесување и други пореметувања кај душевно болните лица зачестуваат за време на полна месечина.
Љубопитните научници го нарекуваат ова месечево влијание „трансилваниска хипотеза“. Овој поим го опфаќа толкувањето дека месечината не делува само со нејзината гравитациска сила, туку и го менува магнетното поле на Земјата.
Иако скептиците го отфрлаат ова толкување како неосовано, анализата на анкети спроведена од група британски истражувачи на чело со доктор Питер Перкинс, докажа дека за време на полна месечина има зголемен број на повици во полиција и Брза помош за 3%.
Наспроти ова, за време на млада месечина, бројот на повици се намалувал за 6%.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
