Македонија
11. November 2020 - 16:42

Како Нигериецот Џими стана кандидат за градоначалник на Штип?

Изградба на студентски град во Штип во близина на новата брана на Отиња, развој на банскиот туризам со искористување на топлата вода од Кежовица и економски просперитет на локалното стопанство преку преструктуирање на производтвсвото, се трите главни столбови врз кои се темели изборната програма на еден од петемина кандидати за градоначалник, Симон Поликарп-Џими.

- Да се охрабрат текстилните фабрики кои постојат во Штип, да се насочат и да дојде до промена од сегашното ЛОН кон високо квалитетно производство, со помош на локалната самоуправа, со финансии и со идеи, изјави Симон Поликарп-Џими, кандидат за градоначалник на Штип.

За да ја реализира оваа визија, смета дека најнапред треба да се запре процесот на депопулација на градот и целиот источен регион, посебно на младите луѓе, кои ќе бидат главни двигатели во овој процес.

- Да создадеме услови да не бегаат, да создадеме услови каде тие ќе бидат дел од решението и трето, заедно со нив да создадеме услови каде ќе ни биде подеднакво добро на сите нас, додаде Поликарп.

ВМРО-ДПМНЕ не кандидираше свој кандидат, а токму во оваа нива одлука Поликарп ја гледа својата шанса. Имено, Интегра и ВМРО се две конзервативни партии кои имаат заеднички став околу ревизија на Преспанскиот договор.

- Имаме уште нерасчистено прашање околу името. Верувам дека тој став е доволен, приврзаниците на ВМРО да ја поддршат мојата кандидатура, изјави Поликарп.

Симон во политиката влезе уште во 2008 година, кога на тогашните парламентарни избори беше носител на листа на партијата ТМРО, но не успеа да стане пратеник во македонското собрание.