-->
-->
Како на филм: Крадец се заглавил во оџакот и изгорел
-->

Еден крадец трагично заврши откако во обид да побегне се заглавил во оџакот од куќата што претходно ја ограбил.
Несреќниот крадец во Калифорнија цел ден го поминал заробен во оџакот зошто сопствениците не биле дома.

Кога се вратиле во куќата, газдата го запалил каминот да се загреат и тогаш се слушнале врисоци и лелекања од оџакот.
Човекот брзо почнал да го гаси огнот, а кога ја повикал полицијата несреќниот крадец се уште давал знаци на живот. Полицијата и пожарникарите во рок од неколку стигнале на самото место но било предоцна, крадецот починал од изгореници и задушување.
Пожарникарите морале да ги рушат циглите за да го извадат несреќникот од оџакот, а неговото тело потоа е испратено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
