-->
-->
Како Морина и донесе три бода на Албанија?!
-->
Албанецот Исмаил Морина, кого српските власти го посочија дека го пуштил дронот на квалифификацискиот натпревар помеѓу Србија и Албанија, детално опишал како ја извел акцијата во Белград.
Морина рекол дека идеата да го пушти дронот ја добил од пријател Италијанец, во Италија.
„Тој ми предложи да употребиме дрон и на него да закачиме порака, јас се согласив. Размислувавме за знаме, имавме две верзии, орел или орел со Скендербег, а потоа решив да одберам друга варијанта. Потоа размислувавме да напишене нешто на италијански, но на крајот го избравме зборот „автохтони“ бидејчи и на англиски и на албански се пишува исто и звучи елегантно“, рекол Морина.
Морина рекол дека три месеци ја подготвувал акцијата.
„Во текот на летото дојдов во Србија, бев сигирен дека натреварот ќе се одигра на стадионот на Црвена звезда. На 26.јули бев на локацијата, го снимов стадионот и се околу него. Го видов и стадионот на Партизан но не детално. Поради тоа користев Гугл мапи и обиколив неколу локации од кои е возможно да се лансира дрон. Цело време соработував со пријател од Скопје кој го набави и го донесе знамето“, дополнил Морина.
Како што вели 17 часа бил сокриен на тајната локација и го чекал вистинскиот момент да го пушти дронот.
„Патував 12 часа до Белград. Идејата беше дронот да го пуштам додека се интонираа химните, но се откажав бидејќи некој мина покрај мене и мислев дека сум откриен. Пото го пуштив дронот да направи мал круг околу стадионот, мислев дека албанските играчи се во црвени дресови и го насочив дронот кон нив, но тогаш ми стана касно дека се обидуваат да го фатат. Ја згрешив бојата на дресовите“, објаснил Морина.
Потоа веднаш на напуштил локацијата и заминал од Србија.
„Автомобил ме чекаше и веднаш тргнавме кон автопатот. Размислував како ќе ја минеме границата. Бев загрижен, сакавме да бегаме доколку бевме сопрени од полицијата, но немаше никакви проблеми“.
Морина дополнил дека по 14.октомври неговиот живот целосно се сменил. Живее изолирано во Албанија и ги прекинал контактие со семејството.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
