-->
-->
Како Хофенхајм заработи 42 милиони преку „Фудбал менаџер“
-->
Бразилецот Роберто Фирмино по доаѓањето на Јирген Клоп во Ливерпул се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, а она што е интересно Хофенхајм, првиот клуб за кого тој играл во Европа, неговите квалитети го открил преку популарната игра „Football Menager“.
Хофенхајм во 2011 година реши на бразилскиот второлигаш Фигуеренсе да му плати четири милиони евра за напаѓачот Роберто Фирмино.
„Со еден мој колега често ја играме оваа игра и случајно го откривме Фирмино. Беше ефикасен во Фигуеренсе и решивме да го скаутираме, а потоа и да го реализираме трансферот. Имаше многу скептици кога решивме да ја платиме бараната сума, бидејќи тој сепак беше играч во втората бразилска лига, но мислам дека на крајот завршивме одлична работа“, рекол Луц Фаненстил, скаут кој е најзаслужен за доаѓањето на Фирмино во Европа.
На крајот ризикот во кој влезе Хофенхајм му донесе многукратна добивка, имено Фирмино кој во 2011 година во клубот пристигна за четири милиони евра, во 2015 година му беше продаден на Ливерпул за 42 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична