Македонија
17. February 2022 - 16:37

Како функционира бројот 112?

112 Повелете, како можам да ви помогнам?

Речиси една недела функциора европскиот број за итни случаи 112. Кој се се јавува и колку јавувања има дневно, го прашувам  директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов?

-До сега, за овие 6 дена имаме над 3,900 повици, односно по 500 до 600 јавувања дневно, но морам да кажам дека 60% од повиците  се погрешни, односно лажни. Овај број е за итни слуачи, значи Полиција, Брза помош, протопожарна екипа. На пример, ако некој се загине во планина или на некое недостапно место, има сообрајаќна незгода, треба да се јави на овој број, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Покрај повиците од оние на кои навистина им е потребна помош, имало јавувања и од лица кои не знаеле каде да се обратат. А имале главоболки, или реума или се сомневале на Ковид. Директорот апелира –да не се злоупотребува линијата – да им се даде можност да се јават оние на кои навистина им треба помош. Ако повицитесе со навредливи зборуви сеповторуваат, може и кривично да сеодговара

Ако е злонамерно или се прави кривично дело, ќе реагира Јавното обвиителство, затоа што разговорот се снима, доказите дека се злоуптребвува линијата се чуваат во ЦУК, додава Ангелов

Како одлучувате за кој повик кои екипи треба да се пратат?

Ако се случува семејно насилство, сопругата е на линија, тогаш ние одлучуваме дали ќе пратите покрај полициска аситенција и противпожарна екипа, ако треба да се обие вратата или да се влезе преку тераса, додава Ангелов.

Единствениот европски број 112 ќе можат да го користат и странци и туристи, доколку им треба помош. За сега е достапен само во главниот град, но за 10 дена ситемот ќе треба да фунционира низ цела држава.