Македонија
16. October 2021 - 16:40

Како е организирано гласањето на ковид болните во Прилеп?

Денеска во Прилеп гласаат 389 болни и изнемоштени лица, 12 заболени од ковид 19, како ио 88 лица пријавени за гласање во затворот во Прилеп и Домот за стари лица. Тие ќе имаат можност да избираат помеѓу 5 кандидати за градоначалници и 8 листи за советници. Утринава до гласачките места се дистрибуираше и гласачкиот материјал потребен за утрешниот изборен процес. Инаку ова е втора година како што се гласа во пандемија. За разлика од лани кога имаше повеќе, годинава има само 1 избирачки одбор во Прилеп формиран од ДИК кој ќе ги посети сите 12 лица заболени од ковид.

„Заболените од ковид 19, додека не изгласаат болните и изнемоштени лица не можат да пристапат, заради тоа што имаме формирано посебен избирачки одбор со специјалисти доктори, кои се испратени од ДИК, па така по завршувањето на гласање за болни и изнемоштени лица избирачките ливчиња се враќаат во избирачките одбори, па тогаш настапува посебниот избирачки одбор кон заболените од ковид 19“, вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.

Во Прилеп своето право на глас ќе може да го искористат 63.436, на 141 избирачко место. Новина оваа година во гласањето се посебните уреди „фингерпринт“ кои исто така беа распоредувани на гласачките места.

„Тоа е вид на андроид апликација, уредот е поврзан со читач каде откуцува и извештај во моментот кога сакаме да му дадеме наредба, колку гласачи во моментот изгласале, пол, процентуално ја одредува излезноста во моментот на гласачите“, додаде Божиноски.

Инаку во Крушево свооето право на глас ќе го искористат 7.951 граѓани,

на 23, а денеска гласаат 187 болни и изнемоштени лица и 5 заболени од ковид. Ќе одбираат помеѓу 2 кандидати за градоначалник  и 7 советнички листи.

Во Општина Кривогаштани денеска гласаат 71 болно и изнемоштено лице и 2 од ковид, а во Општина Долнени денеска гласаат 50 болни, 10 затвореници, а заболени од ковид не се пријавени во оваа општина.