Бизнис
8. April 2016 - 16:23

Како до успех преку грантовите за самовработување

Никогаш не е доцна да се почне со сопствен бизнис. 47 годишниот  Киро Мавроски од Скопје бил невработен повеќе од една година. Во ноември лани добил неповратна помош во вредност од 3000 евра од државата и отпочнал сопствен бизнис.  Отворил дуќан за изработка и дизајн на широка палета на производи. Брошури, книги, каталози и визит карти се некои од нив. Вели дека засега бизнисот му се развива одлично а кредитот за самовработување бил одличен стимул за него.

Мавроски планира во иднина да го прошири својот тим и да ги искористи поволностите што ги нуди државата.

Изминатиов период државата обезбеди средства за отварање на уште 420 мали бизниси. Во тек е огласот за самовработување кој трае до крајот на месецов. Дополнителни 2000 евра ќе добијат апликанитите кои ќе имаат иновативни бизнис идеи.

Годинава за оваа мерка се обезбедени вкупно 3,3 милиони евра а планирано е да се отворат 920 фирми..