-->
-->
Како да зачнете девојче а како момче
-->
До сега се уште не е пронајден соодветен метод кој ќе гарантира за полот на детето, но постојат одредени техники, кои наводно на големо ги зголемуваат шансите.
На повеќето од родителите, единствено нешто што им е важно, нормално е детето да биде живо и здраво. Меѓутоа, покрај таа најважна работа, многумина од нив посакуваат син или ќерка.
До сега се уште не е пронајден соодветен метод кој ќе гарантира за полот на детето, но постојат одредени техники, кои наводно на големо ги зголемуваат шансите. На вас е да испробате.
Метод на Д-р Ландрум Шетлес
Оваа тактика д-р Шетлес тврди дека е успешна во преку 80 отсто од случаите ако парот сака момче, и околу 75 отсто од случаите ако сака девојче. Се темели на темпирање на сексот според овулацијата. Па така, оние кои сакаат момчиња треба да го планираат сексот на самиот ден на овулацијата, додека оние кои сакаат девојчиња тоа треба да го прават 3-4 дена пред овулацијата. Шетлес тврди дека неговиот метод е точен бидејќи половата ќелија која носи Х хормозом и резултира со раѓање на девојче, е поголема и побавно се движи, но подолго живе од Y (машкиот) хормозом кој е помал, побрз и пократко живее.
Влијание на исхраната
Овој метод најчесто добива позитивни критики од новопечените родители, а се темели на верувањето дека исхраната на идната мајка влијае на полот на детето бидејќи ја менува pH вредноста на репродуктивниот тракт. Y машките хормозоми најдобро успеваат во алкална средина, додека Х, женските повеќе сакаат кисела средина. Па, ако парот сака момче мајката треба да јаде повеќе месо, јајца и воопшто намирници богати со протеини. За девојче, добра е исхраната богата со калциум па жената треба да пие многу млеко, но и да јаде риба, зелена салата... Според истражувањата, овој метод е успешен кај околу 80 отсто од случаите.
Метод 0+12
Овој метод го откри една австралиска мајка која имала 6 сина и поминала години надевајќи се на ќерка. Откако испробала бројни методи одлучила да испроба секс точно 12 часа после овулација, која ја мерела со траки кои можат да се купат во аптека. Успеала и после само еден однос добила девојче. Со годините, овој метод се покажал 70 отсто потврден.
Вистинска секс поза
Исто така се заснова на брзото движење на машкиот сперматозоид и бавното движење на женскиот. Киселоста на вагината го загрозува зачнувањето на момче, па оние кои сакаат машко дете треба да користат пози кои овозможуваат длабока пенетрација за време на овулацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме
-
Трамп им се заканува на членките на БРИКС со 100% царини доколку работат на поткопување на доларот
-
Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија, во Појасот Газа
-
УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври
-
Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
-
OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“
-
Мицотакис: Верувам дека Северна Македонија ќе сфати дека не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција
-
Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања