Како да го одржуваме нашето срце здраво?
И покрај напредокот на медицината и науката кардиоваскуларните остануваат причина број еден за смртност во развиените земји во светот. Голем дел од луѓето не одат на редовни прегледи и често не се ни свесни дека имаат проблеми со циркулацијата и функцијата на срцето и крвните садови, поради што можат да се соочат со инфаркт или друг сериозен проблем со срцето кога најмалку очекуваат! Затоа е важно редовно да се грижиме кардиоваскуларното здравје.
Зошто е важно да го одржуваме срцето здраво?
Срцето е мускул кој почнува да работи од нашето раѓање и не престанува нити за момент во текот на целиот живот. Тоа е одговорно со пумпањето да овозможи крвта, односно кислородот и нутриентите да стигнат до секоја клетка, ткиво и орган во нашето тело, што не одржува во живот и овозможува нормална функција на организмот. За жал пушењето, стресот и недостатокот од сон, лошата исхрана богата со многу шеќери и масти, прекумерната тежина на телото се причина за сериозно нарушување на здравјето. Тие доведуваат до оштетувања на крвните садови низ целото тело и во срцето, создавање на наслаги од плак и холестерол, како и тромбови. Намалениот проток на крв во срцевиот мускул, особено наглото запушување од некоја артерија е директна причина за инфаркт. Исто така, ако срцевиот мускул недоволно се храни, заради намален проток на крв во неговите артерии, тогаш нема да има доволно сила ефикасно да ја пумпа крвта во телото. Поради тоа со тек на времето доаѓа до зголемување на срцевиот мускул како и негово оштетување, или создавање на фиброза – ткиво кое неповратно ја загубило функцијата. Ослабеното и оштетено срце не успева ефикасно да ги снабди сите останати органи со кислород и нутриенти, што директно го загрозува здравјето во секој поглед. Токму затоа, ако сакаме да го зачуваме здравјето на срцето и целокупното здравје важно е да ги почитуваме препораките кои следат.
Прво, одбегнувајте ги лошите навики!
Посветете се да ги елиминирате следните штетни навики:
-
Прекумерна употреба на алкохол. Веруваме дека нема потреба да објаснуваме зошто алкохолот не е добар за здравјето, затоа едноставно намалете го внесот.
-
Внес на токсини од храната, посебно од процесираните продукти, мастите и можеби најмногу од шеќерите во телото создаваат слободни радикали кои директно ги оштетуваат клетките од крвните садови.
-
Пушењето исто создава радикали кои се штетни за крвните садови, потрудете се да го откажете или барем значително да ги намалите цигарите.
-
Секако, да не ја заборавиме тежината. Самата процесирана, висококалорична храна со многу масти и шеќери, не само што директно ги оштетува крвните садови, туку е и причина за покачување на тежината, која повратно пак го загрозува кардиоваскуларнот систем и здравјето во целина. Едноставно, прекумерната тежина наметнува и поголема количина на крв во телото и потреба срцето понапорно да испумпува поголем волумен на крв. Затоа е важно да ја смените исхраната која ќе ви помогне и да ја намалите и регулирате тежината и да го заштитите срцето, што значи добро здравје од секој аспект.
Контролирајте и регулирајте ја тежината!
Регулирањето на тежината е поедноставно од што многумина мислат. Се што е важно е да се направи системска промена на навиките, а не да се обидувате со непроверени, краткотрајни диети кои може да дадат само мали краткотрајни резултати и скоро секогаш се враќаат со негативен јо-јо ефект за враќање дури и уште поголемо покачување на тежината. Значи полека, едно по едно менувајте ги навиките, што нема да ви создаде голем притисок, преголемо откажување и проблем да истраете. Пример:
-
Намалете го внесот на засладени газирани или негазирани сокови со домашно цедени, а најдобро блендирани сокови без додаден шеќер;
-
Белото брашно, лебот и пецивата заменете ги со интегрални и генерално намалете го нивниот внес, а дадете повеќе простор за протеините и зеленчукот.;
-
Внесувајте многу зеленчук, семиње и мешунки бидејки тие се најбогати со фибри – диететски влакна кои полесно ќе ве заситат и ќе го намалат калорискиот внес на храната.
Секако, најдобро е ако промените во исхраната се комбинира со редовна физичка активност!
Физичка активност и вежба!
Овде препораките за тренерите се едноставни. Секоја вежба е добра за намалување на тежината и помага да се подобри циркулацијата на крвта што е добро за здравјето на кардиоваскулерниот систем во целина. Ако можете применувајте вежби кои одговараат на вашата возраст, физички можности или годишно време. Пливањето, планинарењето, возењето точак или трчањето се одлични аеробни активности за пролет и лето, кои го подобруваат здравјето, а во останатиот период пробајте фитнес или пилатес. Каква и да е физичката вежба, за да го подобри вашето здравје најважно е да биде постојана.
Внесувајте храна која го негува вашето срце!
Храната која ќе го подобри здравјето на кардиоваскуларниот систем е храна која е природна и се употребува во интегрална форма како што доаѓа од природата. А тоа значи:
-
Заборавете на процесираните продукти, без разлика дали се купени или домашно приготвени, бидејки пржењето на храна исто така претставува процесирање во кое се создаваат многу токсини штетни за вашето срце и крвни садови.
-
Базирајте ја исхраната на растителна храна, пред се обилен внес на зеленчук. Редовно внесувајте темно зелен лиснаст зеленчук кој содржи минерали, електролити кои ќе помогнат за подобра и правилна работа на срцевиот мускул. Потоа внесувајте зеленчук и овошје во разни бои, виолетови, црвени, портокалови, како што се доматите, морковите, виолетовиот кромид, боровинките, капините, малините и други плодови, со тоа ќе внесете различни антиоксиданти кои ги штитат крвните садови од оштетувањета кои ги прават шеќерот или токсините.
-
Внесувајте повеќе растителни влакна! Како што споменав зеленчукот, јатките, мешунките (како грав, леќа, грашок) и интегралните житарки се богати со диететски, растителни влакна – фибри кои помагаат во елиминација на токсините од храната и ја намалуваат апсорпцијата на премногу шеќери и масти, што придонесува за добро кардиоваскуларно здравје.
-
Не ги заборавајте есенцијалните Омега 3 масни киселини, кои имаат докажано антиинфламаторно дејство со кое помагаат да се спречат воспаленијата на крвните садови и телото и помагаат да се одржи нивната функција. Затоа редовно консумирајте масна морска риба, како лосос, сардини, бакалар и други, како и ракчиња и други морски плодови, кои заедно со алгите, семињата (ленено семе, чиа, и др.) се најквалитетен извор на омега 3 масните киселини.
Додатоци од природата за поддршка на срцето
Консултанскиот тим од Натура Терапи информира дека иако е најдобро секогаш нутриентите за здравје да ги земеме од храната, денес како последици на земјоделска пракса, се повеќе се губи и намалува нутритивниот квалитет во храната. И истражувањата потврдуваат дека концентрацијата на минерали, витамини или натиоксиданси во овошјето и зеленчукот денес се доста помали од минатото и затоа не можеме да се потпреме само на исхраната, туку за одржување на здраво срце ни треба и редовен внес на додатоци на исхраната. Сашко Дрвошански, нутриционист во Натура Терапи препорачува дека најдобри додатоци од природата за кардиоваскуларниот систем и севкупното здравје се додатоците на база на антиоксиданти, пример додатоци со ресвератрол, антоцијанини од шумското овошје, зелен чај, калинка, алги, екстракт од цвекло и други, кои во концентрирана ворма како додаток ќе обезбедат поголем ефект. Важни се и омега 3 мастите како додаток во вид на сируп или гел капсули, кои со рибата не можеме да ги внесеме редовно и во потребната концентрација, а дополнително за здраво срце би ги препорачале и додатоци со антиоскидантите CoQ10, витамин Е, NAC и др.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ