Како алкохолот ги брише спомените?
Научници од Медицинската школа при Универзитетот на Вашингтон во Сент Луис успеаја да го објаснат начинот на којшто алкохолот делува и што се случува со мозокот тогаш кога човек не може да се сети на одреден период – таканаречените „дупки во меморијата”.
Истражувањето открива нова светлина врз „надреалниот“ период, кога можеме да танцуваме цела ноќ, да водиме разговори или пак, „да го растуриме“ караоке подиумот, но потоа, следното утро да не помниме ништо.
Алкохолот има сериозно влијание врз нашиот мозок. Истражувањето покажува дека големо количество алкохол пречи во работата на клучните рецептори во хипокампусот, главниот центар за помнење, а влијае и на врските меѓу мозочните клетки.
- Всушност, големите дози од алкохол не ги убиваат мозочни клетки, туку ги издвојуваат состојките, што му пречи на мозокот да создаде спомени. Така, при висок степен на алкохолизираност, луѓето не помнат што правеле претходната вечер, објаснува доктор Чарлс Ф. Зорумски, професор на Универзитетот.
Сепак, тоа дека алкохолот не убива мозочни клетки, не е аргумент во корист на пиење без мерка.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати