Балкан
15. December 2016 - 18:36

Кајнак: Турција размислува за изградба на камп во Сирија за евакуираните цивили од Алепо

Турција размислува за создавање на камп во Сирија за цивилите кои се евакуираат од Алепо. Бројот на цивили кои ќе се евакуираат од градот може да достигне до 100.000 лица, изјави денеска турскиот заменик-премиер Вејси Кајнак.

Тој, на граничниот пункт Џилвегозју на турско-сириската граница. истакна дека нема доволно засолништа во сириската провинција Идлиб, каде се носат евакуираните цивили од Алепо и оти неопходно е да има дополнителнио кампови.

Кајнак наведе дека конвој од 20 автобуси, со кои можат да се транспортираат околу илјада луѓе, веќе сообраќаат во двата правци. Од 30 до 35 повредени лица веќе се хоспитализирани во градот Атме, на турско-сириската граница.

Претходно, неименуван турски висок претставник истакна дека се очекува околу 50.000 луѓе да бида евакуирани од источниот дел на Алепо. Тој посочи дека евакуацијата ќе трае две до три дена.