Кајли Миног има 20 години помлад свршеник

Австралиската пејачка и актерка Кајли Миног (47) се вери со 28-годишниот глумец Џошуа Сас, со кого беше во врска нешто повеќе од половина година.
Сас клекна пред Кајли уште лани во декември, но таа со вереничкиот прстен се пофали дури сега и тоа на црвениот килим во Лондон, каде беше гостинка на доделувањето на НМЕ наградите.
Иако атрактивнта Австралијанка отсекогаш имала вкус за мажи, со оглед на тоа дека меѓу нејзините поранешни момчиња се и глумецот Оливер Мартинез и шпанскиот модел Андреас Веленкосо Сегура, изгледа дека таа дури сега ја почувствувала вистинската љубов.
Според непознат извор, Џошуа на доделувањето на НМЕ наградите, пред сите гости ја нарекувал Кајли „негова вереница“ и раскажувал колку е среќен со неа.
Џошуа Сас е роден во 1987 година во Англија и се уште е релативно непознат актер, кој го бара своето место под холивудското небо.
Кајли и Џошуа се запознале на сет од хумористичната серија „Галавант“, во која британскиот актер ја толкува главната улога.
Сас на својот Истаграм профил има 14,5 милиони обожаватели, тој е голем заштитник на животните и борец за нивните права.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
