-->
-->
Кајакарската федерација на Македонија домаќин на неколку меѓународни натпревари
-->

Македонската кајакарска федерација на денеска ги најави настаните кои претстојат во нашата држава, а кои ќе имаат меѓународен карактер.
На промотивната прес конференција се произнесе и директорот на Агенција за млади и Спорт Г-дин Марјан Спасески кој ја нагласи финансиската подршка на Агенцијата за млади и спорт.
- Викендов сме домаќини на Европски куп во спуст, а седум дена по овој натпревар и на Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2017 година. Тоа е еден од најстарите традиционални настани во Македонскиот спорт кој 49 години без прекин се одржува на кајакарската патека на Матка почнувајќи од далечната 1968 година. АМС во континуитет дава финансиска поддршка на меѓународните активности чии домаќин е Македонија. Кајакарите се можеби единствените македонски спортисти кои некако во континуитет обезбедуваат учесво на Олимпијадите и тоа е мотив плус да се помогне овој спорт, изјави Марјан Спасески.
По овие два настана следува ЕП за сениори во дисциплината спуст кое ќе се одржува од 11-14 мај во Скопје, како и Илинденската регата на мирна вода во август во Охрид.
Зоран Шишковски, раководител на сектор спорт во Град Скопје ја истакна поддршката што градските власти ја даваат на овој спорт. Тој ги спомна и јавните претпријатија во градот кои даваат поддршка и се вклучени во организацијата на претстојните настани.
Спортски директор на Кајакарска федерација на Македонија Атанас Николовски го образложи техничкиот дел на организацијата и информира дека досега 11 држави го пријавија своето учество на Купот, а можно е овој број да биде зголемен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
