-->
-->
Кај тетовец откриена марихуана, донесена наредба за истрага
-->
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишен тетовец осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што сопшти Jавното обвинителство, при претрес во домот на осомничениот на 29 март биле пронајдени неколку различни пакувања со наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 653,6 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
