Македонија
14. July 2022 - 16:09

Кај струмичко Доброшинци полицијата пронашла 49 лица мигранти

Во близина на струмичкото село Доброшинци, денеска полициски службеници од СВР – Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, пронашле 49 мигранти.

Како што информираа од МВР, од нив, 47 се од Пакистан, еден од Сирија и еден од Индија.

Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.