Македонија
23. October 2018 - 17:50

Кај Слупчане пронајдена неексплодирана граната

Вчера во 16,55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Ваксинце кон с.Слупчане, при изведување на градежни работи- ископ за водоводна мрежа, од страна на С.Х.(50) била пронајдена неексплодирана граната.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување истата била безбедно подигната.