„Кафе пауза со Холандската амбасада“ во рамки на кампањата „ЕУ во Македонија“
Секогаш сум заинтересиран за разговори за евроинтеграцијата на Македонија особено со младите луѓе бидејќи сметам дека тие имаат значајна улога за создавање на нивната иднина и иднината на земјата, порача холандскиот амбасадор Вутер Пломп на настанот организиран денеска од Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Кралството Холандија „Кафе пауза со Холандската амбасада“ во рамки на кампањата „ЕУ во Македонија“.
- Токму затоа сметам дека сите процеси треба да бидат инклузивни и граѓанското општество, исто така, треба да биде вклучено во процесите во кои се зборува и се одлучува за иднината на земјата. Втората причина поради која сум тука е поради долгогодишната традиција и добрите односи меѓу Република Македонија и Холандија. Тоа е поради многу причини така. Веќе спомнав во неколку наврати, а ќе спомнам и пак, тоа се холандските туристи коишто и оваа година се тука во Македонија. Потоа интензивната соработка на многу полиња меѓу двете држави за многу долго време, вели амбасадорот Пломп.
Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми подвлече дека оваа иницијатива има за цел да ги приближи традицијата, културата и вредностите на земјите членки кон граѓаните на нашата земјата, а заедничкиот настан е потврда дека Кралството Холандија како земја претседавач во моментов со Советот на ЕУ е голем пријател и поддржувач на евроатлантските интеграции на Македонија.
- Денешната средба е посветена на поврзување на младите бидејќи ние веруваме дека младите може да дадат силен придонес во развојот на општеството, како и во многу области од аспект на ЕУ-интеграцијата. Важноста на младите е препознаена и од ЕУ, која во рамките на Берлинскиот процес ја почна иницијативата за поврзување на младите од регионот. Оваа иницијатива беше поддржана и од сите земји од Западен Балкан, а исто така доби потврда и со Виенската декларација, рече Адеми.
Тој информира дека СЕП од 2003 година досега додели 87 стипендии за магистерски студии од областа на ЕУ во странство. Најголем дел од тие стипендии биле искористени од помладата генерација кои потоа станале државни службеници или дале, вели, директен придонес во ЕУ-интегративниот процес на земјата.
- Во однос на соработката со Кралството Холандија, склучени се два меморандума за соработка, преку кои имаме обезбедено 31 стипендија за постидпломски студии од областа на ЕУ. Покрај програмите на Владата, земјата учествува и во програмите на ЕУ за младите како Еразмус плус насочена кон образованието и неформалното учење на младите. Само во 2015 се одобрија 86 проекти во износ од 4,3 милиони евра, а за 2016 износот на доделени средства изнесува околу 5 милиони евра,за кои може да аплицираат студенти, наставници .., рече вицепремиерот Адеми.
На настанот присуствуваа претставници од младински граѓански организациии, вработени во Секретаријатот за европски прашања и претставници на медиумите кои имаа можност во неформален разговор со вицепремиерот задолжен за европски прашања Aдеми и холандскиот амбасадор Вутер Пломп, како и останатите присутни да ги споделат своите идеи, предлози и размислувања.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори