Каевски: Во понеделник ќе се знаат износите на ваучерите за спортските федерации за 2020 година

Спортските федерации во понеделник ќе дознаат колку средства ќе добијат преку ваучерите како мерка за поттикнување на развојот во спортот. Ова од Тетово го најави претседателот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
-Оваа година се предвидени 10 милиони евра за разлика од 2019 кога спортските федерации имаа на располагање 6 милиони евра. Во понеделник ќе бидат објавени на веб страницата, а во вторник физички поделени по федериции кои подоцна имаат обврска да ги дистрибуираат ваучерите до спортските клубови и спортисти, рече Дарко Каевски.
Преку даночното ослободување и ваучерите се прави обид за директна поддршка и финансиска инјекција за спортот. Развивање на индивидуалните олимписки спортови е еден од приоритетите.
-Разговарајќи со многу спортски работници велат дека е една од мерките која е за спас на спортот. Голем дел од спортските клубови кои го искористија ваучерот се развиваат, купуваат дополнителни играчи дополнително ги развиваат своите капацитети, дополнително партиципираат на дополнителни активности. Пред се во индивидуалните спортови кои се од особена важност, за спортот во нашата држава. Еден од главните фокусите е развивање на индивидуалната олимписки спортови и токму оваа мерка ваучер придонесува за развој кон истите. Сметам дека во оваа 2020 година дека ќе има зголемена искористеност на ваучерите. Нашите проекции се 90 проценти на искористеност, што значи се што е над 90 проценти ќе биде огромна полза за спортот, изјави Каевски.
Екипите имаат време до 31.12.2020 да ги достават до компании кои се ослободуваат од данок доколку дел од средствата ги донираат во спортските тимови.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
