Каевски: Нула проекти во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се фатија за споменици и Ќосето
Година и половина Скопје е нефункционален град, нема реализација на ниту еден важен проект, а најодговорни за таквиот хаос се Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, како реконструкцијата на Универзална сала, улица Есенинова, изградбата на клучката кај Момин поток, мостот на булеварот АСНОМ.
Јавните претпијатија се во хаос, градскиот превоз е нефункционален. Скопје со ВМРО-ДПМНЕ е буквално заглавено, стагнира наместо да се развива.
Во вакви услови, наместо проекти и решенија, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се фатија за споменици.
Наместо да обезбеди услови за подобар живот на скопјани ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска сака да го вратат споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на Скопје.
Шпицниот градоначалник, Мицкоски вчера ја поддржа Арсовска во оваа намера. Раце во медот и споменици, тоа се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во Скопје.
За ова ли Мицкоски бараше поддршка за Арсовска и ги убедуваше да гласаат за неа?
ВМРО-ДПМНЕ е партијата која не се поместила ниту милиметар од режимската матрица, ни пак во односот кон општините, кон градот Скопје.
Неработење, кавги за тендери и провизии, партизација на Градот, и создавање хаос .
Една и пол градска власт на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е една и пол година стагнација на главниот град.
Дарко Каевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила