Каевски: Левица е се посилна затоа што Мицковски станува се послаб
Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ.
Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник. Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица раста, Мицкоски станува се поекстремен.
Тоа го покажа и пред некој ден кога самиот потврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов.
Почитувани,
Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата.
Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји.
Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме.
Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб.
Оваа опасност од непромислен популизам СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи.
Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози.
Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
