Кадриу не прејудицира дали законот е уставен, но смета дека Иванов треба да го потпише
Судијата на Уставниот суд на РМ Осман Кадриу денеска не сакаше да даде оценка дали донесениот Закон за употреба на јазиците е уставен или не, за, како што рече, да не прејудицира евентуална одлука на Судот доколку до него стаса иницијатива за оценување на уставноста. Смета дека согласно Уставот, претседателот на државата Ѓорге Иванов е должен да го потпише Законот затоа што тој еднаш веќе го искористил правото на вето.
- Не е умесно од оваа позиција што ја имам да кажам дали Законот е уставен или не. Прво, Законот треба да влезе во правна сила откако ќе биде објавен во „Службен весник“. Потоа, треба да се чека ако до Судот дојде иницијатива за оценување на уставноста. Таа ќе биде разгледана строго стручно, професионално и уставно. Судот на крајот ќе ја донесе соодветната одлука, истакна Кадриу, додавајќи дека секое негово мислење во оваа фаза би било прејудицирање на одлука на Судот.
Кадриу кој денеска во Собранието учествуваше на конференција за реформа на судството, смета дека бидејќи Законот е донесен во трето читање и претседателот на РМ веќе еднаш го искористил правото на вето, сега тој е должен да го потпише указот.
Доколку тоа не се случи, и претседателот не го потпише указот, Османи семта дека решението треба да се бара во одредбите на Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието.
Ново на Сител
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син