Македонија
6. December 2022 - 16:38

Каде што минимумот е 3 месеци затвор, Нефи Усеини доби парична казна

Охридскиот бизнисмен и советник од редовите на ДУИ Нефи Усеини доби ослободителна пресуда за тоа што го натепа поранешниот советник Џемаил Мена.За делото за кое се гони иако  е предвидена казна од три месеци до три години, судот му изрекол парична казна.

 Од Охридскиот суд во Охрид за Сител велат дека предметот по жалба на пресудата е во Апелација-Битола.

Од Обвинителството веќе поднеле жалба.

На обвинетиот му е изречена парична казна.Против пресудата ОЈО Охрид изјави жалба до Апелациониот суд Битола и тоа по два основи: за висината на кривичната санкција и поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка“)велат од ОЈО за Сител.

Во овој предмет Нефи Усеини се гони за спречување службено лице во вршење службено дејствие. Во него стои: „Ако при извршувањето на делото од став 1 сторетелот го навредил или малтретирал службеното лице или му задал телесни повреди или му се заканува со употреба на оружје, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“.

 Настанот се случи во јуни 2019 година во салата на редовна седница на советот на општина Охрид .Усеини незадоволен од тоа како ќе гласа неговиот колега Мена за точка на дневен ред го натепа пред останатите советници . Обвинителен предлог се поднесе дури следната година. Првото судење се одржа јули минатата година, а судскиот процес заврши годинава.

Инаку ова не е прв инцидент на претседателот на огранокот на ДУИ Усеини