Кабул: Во воздушен напад убиен вториот човек на Исламска државата во Авганистан

Авганистанската служба за разузнавање соопшти дека во воздушен напад е убиен вториот по ранг меѓу борците на групата Исламска држава во Авганистан, пренесоа американските медиуми.
Портпаролот на националната управа за безбедност, Абдул Хасиб Седики вчера изјави дека Ѓул Заман и уште шестмина екстремисти биле убиени во воздушен напад, ден претходно, во округот Ачин во источната провинција Нангархар. Тој не прецизираше кој го извел нападот.
Според авганистанската Влада, ИД изведува упади во Авганистан и дејствува речиси во три провинции. Талибанците, кои со владата војуваат веќе приближно 14 години, ја предупредија ИД да стои настрана од оваа земја. И двете организации сакаат да наметнат исламска управа, но талибанците не го признаваат калифатот, прогласен од Исламска држава.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
