ЈЗУ Центар за јавно здравје врши превентивна дератизација во Битола
Јавната здравствена организација Центар за јавно здравје-Битола почна да врши превентивна систематска дератизација на територијата на овој град како општа противепидемиска мерка.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола соопштуваат дека дератизацијата се врши со поставување на отровни мамци за уништување на глодари на повеќе локации во градот.
- Со дератизацијата опфатени се подземниот канализациски систем во сите реони на градот со инфестација над 30 насто, канализацискиот систем во околината на објекти од посебен јавен интерес како што се детски градинки, образовните институции, домови за сместување, медицински установи, објекти на локалната самоуправа и други објекти. Според програмата дератизација ќе се изврши и на јавната депонија „Мегленци“ што ја користат јавните комунални претријатија, потврдуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола предупредуваат граѓаните кои ќе забележат мртви глодари да не ги допираат нити фрлаат туку да се јават во надлежната служба во нивната установа, и исто така посочуваат во овој летен период внимателно да се става ѓубре во контејнерите за да не се растура во нивната и пошироката околина.
Ново на Сител
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници