Јужнокорејскиот претседател рече дека жали што предизвикал загриженост и непријатност со прогласувањето воена состојба
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол рече дека му е „многу жал“ што предизвикал загриженост и непријатности со воената состојба што ја прогласи претходно оваа недела и вети дека нема да се обидува повторно да ја наметне.
Претседателот јавно се извини во националното телевизиско обраќање до нацијата, неколку часа пред Парламентот да гласа за негово отповикување.
Јун рече дека нема да се обиде да ја избегне правната или политичката одговорност за прогласувањето на воената состојба, додавајќи дека ќе ги следи насоките на неговата партија за решавање на политичката криза предизвикана од неговиот потег, вклучително и „за прашања поврзани со неговиот престој на функцијата“.
Говорот беше прво јавно појавување на претседателот откако воведе шестчасовна воена состојба, која тој самиот ја укина поради притисокот од Парламентот.
„Навистина ми е жал и би сакал искрено да им се извинам на луѓето кои беа шокирани“, изјави Јун Сук-Јол.
По изјавата на шефот на државата, шефот на владејачката Народна партија Хан Донг-ху рече дека претседателот повеќе не може да ги извршува своите јавни должности и дека неговата оставка сега е неизбежна.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје