Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, соочен со апсење, наведува дека ќе се бори до крај
Јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол испрати писмо до приврзаниците во кое вели дека „ќе се бори до крај“, бидејќи се соочува со апсење поради воведување воена состојба на 3 декември, изјави неговиот адвокат Сеок Донг-Хјеон.
„Гледам во живо на Јутјуб се што правите. Заедно со вас ќе се борам до крај да ја заштитам оваа земја, пишува во писмото на Јун до стотиците поддржувачи кои се собраа пред неговата резиденција да протестираат против истрагата.
Јужнокорејскиот претседател е решен да остане во политиката по импичментот.
Опозициската Демократска партија, која го иницираше импичментот на претседателот во Парламентот, оцени дека писмото покажува дека Јун е непресметлив и сака да го заврши своето „востание“.
Судот одобри налог за апсење на Јун, кој би можел да стане првиот шеф на државата што ќе биде затворен поради обидот да организира бунт со воведување вонредна состојба.
Востанието е едно од неколкуте кривични дела за кои претседателот на Јужна Кореја нема имунитет.
Канцеларијата за истрага на корупцијата на функционери, која ја води заеднички тим од полиција и обвинителство, има рок до 6 јануари да го уапси Јун.
Јун беше суспендиран од функцијата, која привремено ја презеде министерот за финансии Чои Санг-мок.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга