-->
-->
Јужна Кореја: Внимателно олеснување поради обновување на дијалогот
-->

Јужна Кореја денеска изрази претпазливо олеснување поради продолжувањето на разговорите за самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.
Соопштението од претседателската канцеларија на Јужна Кореја беше објавено неколку часа по изјавата на Трамп дека самитот, сепак, можеби ќе се одржи.
- Ја сметаме за среќна околност тоа што жарта за дијалог меѓу Северна Кореја и САД не е целосно изгаснета, изјави портпаролот на претседателот Мун Џае- ин.
Трамп вчера рече дека самиот би можел да се одржи на 12-ти јуни во Сингапур, откако ден претходно го откажа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
