-->
-->
Јувентус подобар од Наполи во првиот полуфинален дуел од италијанскиот куп
-->
Екипата на Јувентус оствари предност од два гола по првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија против тимот на Наполи. Бранителот на трофејот синоќа пред својата публика славеше победа со 3:1.
Гостите од Неапол со голот на Хозе Каљехон во 36. минута имаа предност по првото полувреме, но „Старата дама“ направи комплетен резултатски пресврт во вториот дел. Два гола од пенал постигна Пауло Дибала (47.минута и 69), а во листата на стрелци се запиша и Гонзало Игуаин (64).
Реванш натпреваот е закажан за 5 април во Неапол.
Вечерва (20:45 часот) на „Олимпико“ во Рим ќе се игра првиот меч од втората полуфинална пресметка во кој Лацио ќе ја има улогата на домаќин против градскиот ривал Рома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости