„Јутарњи лист“: Хрватска за 14 дена ќе постави ограда на границата со Србија
Хрватската Влада е подготвена да почне со изградба на ограда на границата со Србија и доколку почне со реализација на овој план за справување со бегалската криза, работите ќе траат околу две недели, пишува весникот „Јутарњи лист“.
Според информациите на загрепскиот весник од извори во Владата, плановите за оградување на границата постојат одредено време и откако пропаднал „планот Ц“, се е подготвено за „планот Д“, кој опфаќа подигнување ѕид на српската граница за 14 дена.
- Доколку Словенија или Австрија драстично го редуцираат приливот на мигрантите, нам не ни преостанува ништо друго, освен да го ограничиме бројот на лицата кои пристигнуваат од Србија. Во тој случај изградбата на оградата би траела неколку недели, бидејќи на некои делови од границата работите би биле потешки поради природните препреки, појаснува изворот од Владата.
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ претходно порача дека кревањето на ограда меѓу Хрватска и Србија, со цел да се спречат бегалците е „последно од последните решенија“ и дека изградбата на ѕид го смета за „грдо и погрешно“.
Ново на Сител
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
-
Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег
-
Сообраќајот по влажни коловози, снег во Маврово, Попова Шапка, Крушево
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната