-->
-->
Јурумлери ќе добие нова пречистителна станица
-->
Во Јурумлери почнува изградбата на ваккум пречистителна станица со која ќе се реши фекалната одводна канализација во ова населено место.
- Ризикот што постои во моментов во Јурумлери се подземните води, а постојат и премногу септички јами, што се голем еколошки проблем. Со изградбата на нова фекална вакуумска мрежа, овие ризици целосно ќе се елиминираат, изјави градоначалникот Борис Георгиевски, кој денеска беше во посета на Јурумлери.
Новата пречистителна станица е прва од ваков тип во општина Гази Баба. Ќе има команден пулт, вакуум пумпи и примарна фекална мрежа во должина од четири километри.
По завршувањето на првата фаза, ќе почне приклучувањето на домаќинствата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
-
Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
-
Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати
-
Макрон го повика Путин да се вразуми
-
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
-
Скопје прв најзагаден град во Европа