Јункер: Жалните херои на брегзит го напуштаат бродот
Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер остро ги критикуваше денеска британските политичари Најџел Фараж и Борис Џонсон оквалификувајќи ги како „жални херои“ на брегзит кои сега одеднаш не сакаат да ја водат Британија низ процесот за излегување од ЕУ за кој цело време се залагаа.
– Довчерашните херои на брегзит сега се жални херои на денешницата, изјави Јункер на седница на ЕП во Стразбур.
Тој забележа дека од функција се повлекле сите кои придонеле за ситуацијата во Британија и дека постапиле како ретро-националисти, а не како патриоти.
– Патриотите не се повлекуваат кога работите се тешки, туку остануваат, нагласи во говорот Јункер.
Тој денеска поднесе извештај за резултатите од историскиот минатонеделен самит на ЕУ на кој британскиот премиер на европските лидери им пренесе одлука на Британците дека ја напуштаат Унијата. Пред европските пратеници, Јункер ги критикуваше оние кои заговарале останување во ЕУ поради тоа што не знаеле што да прават откако државата ќе излезе од ЕУ.
– Наместо да развиваат план, тие го напуштаат бродот, рече Јункер.
И либералниот европски пратеник Ги Верхофштад употреби сличен израз критикувајќи ги Фараж и Џонсон.
– Брегзиташите ме потсетуваат на глувци кои напуштаат брод што тоне. Што чекате, референдум во Франција или Италија, можеби, рече Верхофштад.
Претседателот на ЕС Доналд Туск во ЕП рече дека членките на ЕУ се надеваат оти во Британија ќе имаат близок партнер, но повтори дека Британија ќе мора да прифати павила на ЕУ за слободно движење ако сака пристап до единствениот пазар.
Ново на Сител
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај