Јункер: Турските закани кон ЕУ нема да имаат ефект

Турција мора да ја испочитува својата страна од спогодбата, која ја постигна со Европската унија, а која има цел да го спречи приливот на мигранти, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, порачувајќи дека заканите, кои Турција ги упатила кон ЕУ нема да имаат ефект.
- Очекуваме Турција да ги почитува своите обврски, а заканите не се најдобар дипломатски инструмент, кој може да се употреби. Затоа би требало да престане да ги користи, бидејќи тие нема да имаат никаков ефект, рече Јункер во Исе-Шими во Јапонија, каде присуствува на самитот на Г-7.
Јункер нагласи дека Анкара мора да ги ублажи строгите закони за антитероризам, доколку сака укинувањето на визите за патувањето на нејзините граѓани во земјите од Унијата.
Лидерите на ЕУ бараат од Турција да испочитува 72 услови за визна либерализација и да ја стесни својата дефиниција за тероризмот, со цел да престане да гони академици и новинари поради објавување на нешто што се нарекува „терористичка пропаганда“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
