Балкан
5. August 2015 - 9:53

Јункер очекува овој месец договор меѓу Грција и кредиторите

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер верува дека е можно овој месец Грција да склучи договор со меѓународните кредитори, „веројатно пред 20 август“, кога е предвидена важната исплата на Атина кон Европската централна банка.

- Задоволни сме од напредокот на преговорите, истакна Јункер.

Грчката Влада и кредиторите денеска продолжуваат со преглед на мерките, кои се предвидени во третиот спасувачки план, со цел да се постигне договор дури и на 18 август. 

Ново на Сител