Јункер: Косово да работи на патот кон ЕУ, пратениците да ја изгласаат демаркацијата

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на косовските власти им порача да работат на патот кон ЕУ. а на пратениците да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Тој изрази задоволство, што заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес Хан, токму во Приштина ја завршува балканската турнеја.
- Нашата објавена стратегија го покрива целиот Западен Балкан. Вредностите и праведната држава треба да бидат камен-темелник на европската удобност. На тој начин, Косовците ќе најдат побезбедна иднина во Европа. Важно е вашето Собрание што побрзо да гласа за демаркација со Црна Гора. Тоа е неизбежен клучен чекор кон визната либерализација, изјави Јункер на заеднчката прес-конференцја со косовскот претседател Хашм Тачи.
Тој исто така посоветува дека косовските власти треба поенергично да се борат против криминалот и корупцијата.
- Сите напори за борба против криминалот и корупцијата да се продлабочат. Претседателот ни даде некои документи, со кои комисијата ќе биде во состојба да предложи визна либерализација. Ние сакаме односите меѓу Косово и Србија да бидат поставени на нова основа. Од суштинско значење е Косово и Србија да ги регулираат своите односи и да се движат кон Европа, додаде Јункер.
На прашањето кога Косовците ќе можат слободно да се движат без визи, Јункер рече дека не може да даде датум бидејќи тоа е прашање кое зависи од Косово.
Претседателот Тачи меѓу другото одговори на новинарско прашање околу дијалогот со Србија, при што нагласи дека од суштинско значење е Косово и Србија да ги подобрат односите.
- Што се однесува до дијалогот меѓу државата Косово и Србија, ние му ја пренесовме на Јункер одлучноста на институциите овој дијалог да продожи да се движи напред кон доборсоседство и договор со кој Косово и Србија ќе изградат европски односи, изјави Тачи.
Тој оцени дека денешната посета на Јункер, комесарот Хан и високата претставничка на ЕУ, Могерини, е јасен доказ за зголемената посветеност на Европската унија кон Косово и сите држави од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
-

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки
