Јункер: Кој ќе го загуби статусот безбедна земја, нема да се зачлени во ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска се заложи земјите од Западен Балкан, од каде доаѓаат голем број баратели на азил, да се стават на листата на безбедни земји и додаде дека на државите, кои ќе останат без тој статус ќе им биде ускратено правото на приклучување кон Унијата.
Јункер во говорот пред пратениците на Европскиот парламент во Стразбур, изнесувајќи го предлогот за решавање на бегалската криза, предложи усвојување на заедничка европска листа на „безбедни земји“, од кои азилантите доаѓаат не поради протерување и војни, туку од економски причини.
- Тука мислам на земјите, кои се кандидат или перспективни за членство за ЕУ, рече тој и ги спомена Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Тој појасни дека на граѓаните на тие земји нема да им биде ускратено правото на азил, но нивните барања ќе се обработуваат по забрзана процедура, а тие што ќе бидат одбиени ќе бидат вратени во своите домови.
- Доколку некоја држава го загуби статусот на безбедна земја, ќе и биде ускратено правото на приклучување кон Унијата, предупреди тој.
Јункер нагласи дека мора да се зајакнат надворешните граници на ЕУ, но оти Шенген договорот нема да може да се укинува за време на мандатот на оваа Комисија.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
