Јункер ќе ја прими шкотската прва министерка
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе ја прими денеска првата министерка на Шкотска, Никола Старџен во Брисел, каде таа ќе пристигне за да го заштити местото на Шкотска во Европската унија и покрај Брегзитот, изјави портпарол на бриселската администрација, Маргаритис Схинас.
Средбата ќе се одржи во 15 часот според Гринич, прецизира Схинас во објавата на Твитер.
Старџен денеска се очекува да разговара и со претседателот на Европскиот парламент, Марттин Шулц и со лидерите на политичките групи.
Ниту Шулц, ниту Јункер не планираат прес-конференции по средбата, која ќе се одржи по големите тензии во Велика Британија по референдумот во четвртокот, кога Британците гласаа за излегување од ЕУ.
За останување во Унијата, пак, се изјаснија 62 проценти од Шкотланѓаните.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија