Јункер ја предупредува Турција да не воведува смртна казна
Повторното воведување на смртната казна во Турција ќе значи крај на процесот на преговори за членство на земјата во Европската Унија, изјави претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за германски „Рајнише Пост".
- Доколку воведувањето смртна казна се покаже нешто повеќе од обична реторика, тоа ќе биде еднострано откажување на Турција од европското семејство. Тоа би било еднакво на прекин на преговорите (за членство во ЕУ), бидејќи нашата заедница е заснована на почитување на демократијата, човековите права и меѓународното право. Тие вредности ја исклучуваат смртната казна, посочи Јункер.
Тој, и покрај постојните несогласувања меѓу Брисел и Анкара, изјави дека се надева на идна блиска соработка, бидејќи „судбината на Турција е тесно поврзана со ЕУ“.
По референдумот за уставни измени на 16 април, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека „првата работа што тој ќе ја направи“ ќе биде, со премиерот Бинали Јилдирим и со претседателот на Партијата на националистичка акција, Девлет Бахчели, да го разгледаат прашањето за враќање на смртната казна.
Ново на Сител
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат
-
Никола Станишиќ им се поклони на жртвите во Кочани и победи во „Ѕвездите на Гранд“