Свет
18. November 2015 - 18:47

Јункер: Исламска држава е најголемиот непријател на Европа

Терористичката група Исламска држава е непријателот број еден за Европа, рече денеска во Брисел претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, цитиран од ТАСС.

Запрашан дали го дели мислењето на американскиот претседател Барак Обама дека оваа организација е најголемата закана за светот, Јункер кажа: „Да, ИД го сметам за непријателот број еден“. 

Според Јункер, земјите треба да ги обединат сите свои ресурси и напори за борба со ИД. Тој подвлече дека во тој однос е важно да има тесна соработка меѓу специјаните служби и дека ЕУ треба да создава сопствена армија.

-Кажав дека сум за европска армија и бев критикуван. Сега тоа е очигледно и ние треба многу да инвестираме за да создадеме реална европска политика во областа на одбраната, изјави претседателот на ЕК.