Јункер: ЕУ ќе ги блокира сите намери на САД да склучуваат билатерални трговски договори со држави од ЕУ
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја обвини американската администрација дека бара билатерални трговски договори со одделни земји од Европската унија, нагласувајќи дека тој ќе го блокира секој обид за разбивање на единствената позиција на Унијата за трговија.

- Тие велат: „ние не сакаме да приговараме со вас како Европска унија, туку со сите земји одделно“, посочи Јункер.
Тој истака дека ЕУ нема да дозволи индивидуални договори меѓу САД и одделни европски земји.
Претседателот на Европската комисија додаде дека ги изразил своите ставови за протекционистичката политика на Вашингтон за трговија пред американскиот претседател Доналд Трамп.
- Ние му објаснивме на Трамп дека не е добро САД да се повлечат од меѓунаордниот економски живот. Но тој сака да го направи тоа. Јас сум против, но него не го интересира воопшто, посочи Јункер.
Според него, од тоа произлегува повеќе идна работа со Кина отколку со САД.
- Тоа е погрешна насока, според мене. Но не можам да спречам да се случи, потенцираше Јункер.
Ново на Сител
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
