Јункер бара акција од лидерите на ЕУ за справување со бегалската криза
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска побара од лидерите на земјите-членки на ЕУ на утрешниот Самит да преземата конкретна акција во справувањето со бегалската криза во Европа, обинувајќи ги државите од Унијата дека не ги исполниле дадените ветувања дека ќе помогнат во решавањето на проблемот со имигрантите.
Како што јави ДПА, Јункер ги повика владите на земјите-членки да ги исполнат ветувањата дадени на Самитот на ЕУ во септември за обезбедување на над 2,5 милијарди евра за справување со бегалската криза.
- Не е доволно да се даваат ветувања. Потреба е акција, порача Јункер во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, кои денеска треба да се изјаснат по предлогот за издвојување средства од фондовите на ЕУ за справување со бегалската криза.
Европа последниве месеци се соочува со најголемата бегалска криза од завршувањето на Втората светска војна. Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), од почетокот на годинава во ЕУ пристигнале над 606.500 имигранти и баратели на азил.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток