-->
-->
Јуниорите подобри од Албанија
-->
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна втортата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Австрија. Нашите јуниори денеска ја победија Албанија со 74:71 (20:11; 17:26; 22:17 и 17:15).
По добрата прва четвртина Македонија во 13.минута имаше и десет поени предност 24:14, но до крајот на првиот дел Албанија успеа да изедначи 37:37. Македонија имаше предност и во поголемиот дел од вториот дел, но во финишот Албанија имаше и минимално водство (66:64). Сепак нашите јуниори стигнаа до победата.
Андреј Маслинко со 21 поен беше најефикасен во составот на Македонија. Со ова победа Македонија се избори утре против Република Ирска да игра во натпреварот за 21.место. Република Ирска денеска постигна победа над Луксембург со 77:67.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска