„Ова мало дете од Мизорама случајно со својот велосипед го прегазил пилето на соседот. Го зел пилето, втрчал во најблиската болница, откако претходно од дома ги зел сита пари што ги имал, побарал помош и ги замолил лекарите да му помогнат да го спаси пилето.
Сликата стана вирална, споделена е повеќе од 90.000 пати, а на неа се гледа детето како во едната рака го држи пилето, а во другата парите. Во коментарите многумина беа воодушевени од добрината и невиноста на детето, но сепак имаше и такви кои го фалеа дека се однесувал одговорно.