-->
-->
Јунајтед со контранапад против „Фудбал менаџер“
-->
Манчестер јунајтед ги тужат креаторите на популарната видео-игра „Фудбал менаџер“ за користење на името на 20-кратниот англиски шампион.
„Ѓаволите“ тврдат дека нивното име постојано се користи во играта бесправно и затоа поднеле тужба против „Сега паблишинг“ и „Спортс интерактив“, обвинувајќи ги дека ги користат заштитените симболи на клубот.
Од друга страна компјутерската компанија тврди дека легално ги користи името на Јунајтед во сите верзии на „Фудбал менаџер“ и претходникот „Чемпионшип менаџер“ од 1992 година без клубот да се жали и го обвинуваат Јунајтед дека се обидуваат да спречат легална конкуренција кај видео-игрите со тоа што не дозволуваат да се користи името.
Случајот засега е одложен на неопределено време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Топалов: Фатална грешка беше од БПЦ да не го прифати барањето на МПЦ да биде нејзина „мајка-црква“
-
Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад во Авганистан
-
Арсенал загуби два бода по „киксот“ на Џака
-
Арсенал загуби два бода по „киксот“ на Џака
-
Севилја се подалеку од врвот во Шпанија
-
Мицкоски: Сметот мора да се измете ама најпрво од сопствениот двор
-
Според индексот на Херитиџ, Македонија најдобра во регионот по степенот на економски слободи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Византиските игри на Заев не го спасуваат од пораз