Фудбал
5. November 2020 - 11:19

Јунајтед поразен на Босфорот

Манчестер јунајтед и нивниот менаџер Оле Гунар Солскјер остануваат под притисок кога по домашниот пораз од Арсенал загубија и на гостувањето кај турскиот шампион Башакшехир во Лигата на шампионите во уште еден меч во кој одбраната на „ѓаволите“ не се прослави.
 
35-годишниот Демба Ба во 13. минута неверојатно беше оставен сам на половината на „ѓаволите“ и успеа да го постигне својот четврти гол против Јунајтед (два во дресот на Њукасл и еден во дресот на Челси), а во 40. минута, во уште една слаба реакција на одбраната, Един Вишќа донесе 2:0 водство. Антони Марсијал во 43. минута го остави натпреварот неизвесен пред второто полувреме во кое Јунајтед доминира, но не успеја да постигне гол.