Фудбал
21. July 2015 - 9:12

Јунајтед нуди богатство за Милер?!

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Луи Ван Гал, не се откажува од намерата да го донесе Томас Милер на Олд Трафорд.
Како што пренесуваат англиските и германските медиуми, Ван Гал му понудил на Баерн дури 90 милиони евра за 25 годишниот напаѓач. Холандскиот стручњак најпрво понуди 60 милиони евра, но Баварците глатко ја одбиле понудата. Засега нема реакции од Минхен за новата понуда.
Милер е целата кариера во Баерн и до сега има одиграно 304 натпревари и постигнато 121 гол.