-->
-->
Јунајтед го купи Морсијал за 60 милиони
-->

Францускиот тинејџер, кој допрва треба да се докажува на фудбалските терени, Антони Марисијал (19) го засили нападот на Манчестер Јунајтед.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал, го шокира фудбалскиот свет откако реши на Монако да му плати 60 милиони евра за Марсијал, според француските медиуми тимот од ‘малото кнежевство’ низ разни бонуси на овој трансфер дополнително може да заработи 20 милиони евра.
Трансферот на Марсијал би требало да биде официјализиран вечерва, откако младиот играч веќе се упатил кон Островот каде треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и да го потпише договорот.
Францускиот репрезентативец, во понеделникот наутро се појавил во тренинг кампот на националниот тим, но добил дозвола од селекторот Дидие Дешам да замине во Манчестер.
„Антони Марсијал во 11 часот се појави во тренинг кампот на репрезентацијата и побара од селекторот Дешам дозвола да замине во Манчестер. Со оглед на тоа дека ова се вонредни околности селекторот му дозволи на фудбалерот да ги напушти подготовките, но тој има обврска во вторник да им се приклучи на репрезентативните колеги“, се наведува во соопштението кое Фудбалскиот сојуз на Франција го објави на својата интернет страница.
Манчестер во финишот на преодниот рок успеа да донесе скапо засилување, откако Ван Гал во нападот остана само со Вејн Руни. Претходно Холанѓанецот буквално го избрка од Јунајтед Робин Ван Перси, а на Чичарито Ернандез му порача дека може да си бара нов клуб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
