Македонија
21. March 2023 - 12:24

Југоситочниот регион во обид да привлече инвестиции

Општините и компаниите од Југоистокот ги претставија економските потенцијали пред дипломатите во државата. 

Презентацијата беше реализирана во рамки на економскиот дипломатски караван во кој учествуваат амбасадори и претставници на околу дваесетина амбасади. Во рамки на караванот  кој започна вчера а продолжува и во текот на денешниот ден беше реализирана посета на сите општини од југоисточниот регион и презентирани неговите потенцијали, од туризам до земјоделие.

За градоначалниците, овој тип на презентација е многу важен бидејќи претставува убава можност за промоција надвор од државата, но и за  привлекување на странски инвеститори.

Дипломатскиот економски караван беше организиран од страна на Бирото за рамномерен регионален развој во соработка со министерството за надворешни работи. Претходно ваков каравам беше реализиран во Југозападниот плански регион.