Југоисточниот регион ќе го решава проблемот со кучиња скитници со изградба на две прифатилишта
Најважен приоритет за Советот на градоначалници од десетте општини на Југоисточниот плански регион е решавањето на проблемот со кучињата скитници. Одлуката која ја донесоа пред повеќе од еден месец веќе е претворена во апликација до Бирото за Регионален Развој за Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Преку Центарот за развој на овој регион планираат да изградат две прифатилишта - во Струмица и Гевгелија.
- Со двете прифатилишта се планира да бидат опфатени сите општини од регионот. Едното прифатилиште ќе биде во Струмица и ќе ги опфаќа општините Василево, Босилово, Ново Село, како и Радовиш и Конче, а другото во општина Гевгелија ќе ги опфаќа Валандово, Дојран и Богданци, вели Жулиета Ѓуркова директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
За реализација на оваа идеја Советот на градоначалници планира да формира регионално јавно претпријатие, а средствата во висина од околу девет милиони денари ќе се обезбедат од Бирото за регионален развој, но и од самите општини.
- Најпрвин планираме да направиме меѓуопштински договор и сме со идеа да формираме регионално јавно претпријатие. Во него би се вработиле обучени луѓе за заловување на кучињата, а ќе склучиме и договор со ветеринарни станици, кои,пак, би се грижеле за лекувањето на болните кучиња, информира Ѓуркова.
Досега општините од овој дел на државата, согласно законот за хуман третман на животните, склучуваа договори со специјализирани фирми за заловување и третман на кучињата, кои по третирањето чипирани повторно ги враќаат на улиците во градовите.
Пред десет години во Струмица беше отворено прифатилиште за кучиња скитници, но по неколку месеци престана да работи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024